ВИДЕО: Најмалку четири лица загинаа во судир на возови во Италија

Најмалку четири лица загинаа, а повеќе дестици се повредени во директен судир на два воза во јужна Италија, јавуваат локалните медиуми, пренесува „Раша тудеј“.

Службите за итна помош се на терен и се обидуваат да им пружат помош на повредените.

Инцидентот се случил во близин на градот Бари на брегот на Италија кон Јадранското море, помеѓу руралните населени места Руво ди Пуглиа и Корато. Двата регионални возови вообичаено се користат, но во моментов нема информации колку патници имало во моментот на несреќата, како ниту колку точно се повредени.