(ВИДЕО) Најмалку десет убиени и десетици ранети во пукање во трговски центар во Тексас

Најмалку десет лица се убиени а најмалку 30 се ранети во пукањето во трговски центар на синџирот Walmart во градот Ел Пасо, на западот од американската сојузна држава Тексас, соопшти во саботата новинарката Камила Римбалди повикувајќи се на безбедносни извори.

Полицијата во Ел Пасо првично објави низа твитови дека напаѓачот пукал во областа на трговскиот центар „Cielo Vista“ во Тексас во близина на границата со Мексико. Подоцна напишаа дека станува збор за повеќе напаѓачи, и дека „местото на настанот и натаму е активно“.

Локалната станица KTSM објави дека во рамките на трговскиот центар „Walmart“ смртно се застрелани 18 луѓе, како и дека засега не се знае тежината на повредите на повеќето десетици ранети. „Ве молиме да ја одбегнувате оваа област, полицијата е во потрага на големо подрачје“, објави медиумот на својот профил на Twitter. Во прилогот се додава дека очевидци рекле оти имало повеќе напаѓачи.

Истовремено телевизијата CNN, според која во нападот се убиени „неколку луѓе“, објави дека осомничените за пукањето се уапсени. Повикувајќи се на свои извори, неколку лица се ставени во притвор, но официјална потврда на информацијата засега нема.

Полицијата на Ел Пасо потврди дека е уапсено само едно лице осомничено за вооружениот напад во трговскиот центар.

„Во моментов во областа нема пукање, но опасноста и натаму трае. Нашите луѓе ја изолираа областа на операцијата. Сега најдобро е никој да не оди во подрачјето на трговскиот центар“, рекол полицискиот портпарол за телевизијата Fox News.

Белата куќа малку подоцна објави дека претседателот Донадл Трамп е во тек со настаните по пукањата во Ел Пасо и оти постојано е информиран за равојот на настаните.

„Претседателот беше информиран за пукањето во Ел Пасо, продолжуваме да ја следиме ситуацијата. Претседателот разговараше до државниот обвинител (на САД, Вилијам) Бар и со (гувернерот на Тексас) Грег Абор“, се вели во соопштението на Белата куќа.