Најмалку еден минувач е убиен, а уште неколку лица се ранети од кои две се во критична состојба во саботата вечерта, а напаѓачот е убиен од полицијата, објави телевизијата BFMTV повикувајќи се на полициски избори.
„Покрај едниот човек, кој почина од повредите на самото место, двајца други исто така се здобија со тешки повреди и се наоѓаат во критична состојба. Тие се хоспитализирани. Уште две лица се полесно повредени“, изјави за телевизијата шефот на полициската префектура на француската престолнина, Пјер Годен.
Претходно BMFTV повикувајќи се на сопствени полициски извори објави дека вкупно осум лица се повредени. Во меѓувреме, уште „четири лица побарале медицинска помош во состојба на шок“ поради нападот.
Нападот се одиграл околу 21,30 часот по локално време во срцето на Париз, на улицата „Монсини“ во Вториот париски арондисман, недалеку од славната париска Опера и престижните квартови околу плоштадот Вандом. Според првичните сознанија, напаѓачот вооружен со нож извршил „неселективно бодење“ нанесувајќи им убодни рани на случајни минувачи. Како резултат на неговиот напад „осум лица се здобиле со рани, две загинале, вклучително и напаѓачот“. Тој бил ликвидиран од припадниците на градската полиција коишто се нашле во близина на местото на настанот.
Во моментов областа околу местото на нападот е целосно блокирана од полициските сили. На местото на настанот е излезен обвинителот на Париз, кој уште во текот на ноќта ќе даде изјава за медиумите.
„Го поздравувам брзото реагирање и ладнокрвноста на припадниците на силите на редот, кои го неутрализираа напаѓачот“, реагираше на својот профил на Twitter, министерот за внатрешни работи Жерар Колон.
Никакви информации за идентитетот на напаѓачот и за неговите мотиви не се познати во моментов. Верзијата за терористички напад сѐ уште официјално не се разгледува.
„Вклучен е одделот за борба против крвни деликти, кои треба да помогне да се разјаснат околностите на инцидентот“, изјави обвинителот Годен.
🔴 URGENT – Situation en cours à Paris / Secteur Opéra :
Attaque au couteau : Plusieurs victimes. Important dispositif sur zone. pic.twitter.com/KRmtrjqw3H— Clément Lanot (@ClementLanot) May 12, 2018
PARIS – Attaque au couteau : Selon les premières informations il y a au moins 4 blessés pic.twitter.com/nzQBSbg5UE
— Clément Lanot (@ClementLanot) May 12, 2018