
Најмалку осум украински војници се ранети во борбите во близина на Славјанск.
Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков и командантот на Националната гарда на Украина, Степан Полтора се наоѓат во Славјанск.
Според Аваков, противникот користи тешка артилерија. Тој исто така тврди дека меѓу напаѓачите на украинските војници имало и Чеченци.
Украинските војници веќе ја зеле под контрола локалната телевизиска кула, по што е обновено емитувањето на украинските канали.