(ВИДЕО) Најмалку седум загинати во експлозија во фабрика во источна Кина

Најмалку седум луѓе загинале а пет се повредени во неделата во експлозија и пожар кој потоа избуванал во фабрика во областа Куншан во провинциојата Џиангсу во источниот дел од Кина, објавија локалните власти.

Според соопштението објавено на официјалната страница на администрацијата Куншан на социјалната мрежа WeChat, инцидентот се случил во 07,12 по локално време (околу полноќ по македонско), како резултат на експлозијата на еден од контејнерите за транспорт.

Претставници на локалната администрација, полициските службеници и лекарите работат на местото на инцидентот. Настраданите добиле прва помош, биле испратени во најблиската болница. Досега пожарот е изгаснат, а причините за несреќата се истражуваат. .