(ВИДЕО) Најмалку три жртви и 200 повредени во земјотресот во Јапонија, се очекуваат нови потреси

Најмалку три лица смртно настрадале, а повеќе од 200 се повредени во понеделникот во потресот со магнитуда од 6,1 степни кој го погоди западниот град Осака, втората метропола во земјата, објавија локалните власти предупредувајќи дека следните денови очекуваат нови земјотреси.

Во Осака загинал осумдесетгодишник, а во Такатсуки деветгодишно девјченце на коешто се урнале ѕидови. Во Ибарака загинал осумдесет и петгодишник на кого во неговата куќа се урнала полица со книги. Повредени се повеќе од 200 луѓе.

Потресот се случил во 7,58 часот по локално време, а епицентарот бил на северот на истоимената префектура. Хипоцентарот на земјотресот бил на длабичина од 13 километри. По потресот не е издадено предупредување на цунами.

Земјотресот го погоди најголемиот град на западот од Јапонија во периодот на утринските метежи, нарушувајќи го сообраќајот на големо порачје. Запрен е железничкиот сообраќај и откажани се 80 летови.

Во деновите коишто следуваат се очекуваат уште потреси, ијави Тошујуки Матсумори, директор на Одделот за земјотреси и цунами про Метеоролошката агенција. Предупреди, исто така, на „зголемување на ризикот од одрони на земјиштетот и уривање на куќи“ во Осака и околината.

Компанијата „Kansai Electric“ објави дека не забележала никакви неправилнсота во трите нуклеарни централи во префектруата Фикуи, северно до Осака. Без електрична енергкига и префектурата Осака и околината приврмено останале околу 170.000 домаќинства.

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=0lZS0qQxbYM