Филмот „Формата на водата“, мрачна бајка на мексиканскиот режисер Гиљерме дел Торо, освои најмногу номинации за годинешните Оскари, вкупно 13, вклучително и оние за најдобар филм, за режија, оригинално сценарио, главна и споредна женска улога, и за споредна машка улога, објавија организаторите во вторникот во Лос Анџелес.
За 90-от Оскар во категоријата најдобар филм, покрај „Формата на водата“(Shape of Water), номинирани се и „Викај ме со своето име“ (Скриена љубов Call Me By Your Name) на Лука Гвадањино, „Darkest Hour“, „Dunkirk“, „Get Out“, „Lady Bird“, „Phantom Thread“, „Тајно досие“(Тhe Post) на Стивен Спилберг и „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“. Интернет порталот на магазинот Variety на овој список ги додаде и „Dunkirk“ на Кристофер Нолан, „Проектот Флорида“ (The Florida Project) на Шон Бејкер.
По бројот на номинации следи „Dunkirk“, кој има осум номинации, меѓу кои и за режија, седум номинации има филмот „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“, вклучително и онаа за актерите на Френсис Мекдорманд, Види Харелсон и Сем Роквел.
Мерил Стрип ја доби 21-та номинација за Оскар, и тоа за главна улога во филмот „Тhe Post“, а да го освои четвртиот ќе ѝ конкурираат Сали Хоукинс за „Формата на водата“ и Френсис Мекдорманд за „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“, Маргот Рони „I, Tonya“ и Серше Ронан за Дамата птица“ (Lady Bird) на режисерката Грета Гервин.
За Оскар во категоријата најдобра машка улога конкурираат Тимори Калмет за „Call Me By Your Name“ Данел Деј Луис за „ Phantom Thread“, Даниел Калуја „Get out“, Гери Олдман „Darkest Hour“ и Дензел Вошингтон „Roman J. Israel, Esq“.
За најдобра споредна машка улога во конкуренција номинирани се Вуди Харелсон и Сем Роквел за „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“ и Вилијам Дефо „The Florida Project“, Ричард Џенкинс „Shape of Water“ и Кристофер Пламер во „All the Money in the World“ а во женска Мери Џи Блиџ за „Mudbound“ Алисон Џени „I, Tonya“, Лесли Манвил „Phantom Thread“ Лори Меткалф „Lady Bird“ и Октавија Спенсер „Shape of Water“.
Освен Гиљерно дел Торо и Кристофер Нолан во категоријата за најдобра режија номинирани се и Џордан Пеле за „Get Out“ Пол Томас Андерсон за „Phantom Thread“ и Грета Гервик за „Lady Bird“ како само петтата жена во историјата на Оскарите номинирани за најдобра режија.