Мора да признаеме дека семејството Холендерс од Америка ја има најоткачената празнична честитка насловена „Божикни пижами“, во која тие рапуваат, танцуваат и раскажуваат како им поминала 2013 година.
Иако таткото е главната ѕвезда и најмногу се слуша неговиот глас, секој има свој дел во видеото, а врвот во 2013 година им била улогата во „Iron man“. И секако, мора да додадеме дека се навистина талентирани и добро синхронизирани.
Па, почнете да мислите, да креиратае и направете нешто волку одлично за да ги честитате празниците.