Граѓанин кој сакаше да и постави прашање на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на вечерашниот собир со жителите на Аеродром во рамките на референдумската кампања беше нападнат од присутните.
Скандалот се случи кога граѓанинот кој сакаше да постави прашање кое не им се допаѓаше на другите присутни, прво беше нападнат, му беше одземен листот кој го држеше во раката, а од страна организаторите му беше исклучен и микрофонот.