Директорот на државната телевизија е нападнат од три пратеници од екстремно десничарската партија „ Свобода“, принудувајќи го да поднесе оставка.
Членови на „Свобода“, синоќа насилно влегле во канцелариите на Александар Пантелејмонов, директор на Национална телевизиска куќа на Украина.
Тие биле лути на јавниот радиодифузен сервис, односно на Првиот Национален канал, бидејќи вчера го емитувале потпишувањето на договорот за отцепување на Крим со Рускиот парламент.