ВИДЕО | Нападната Данела Арсовска од Саше Политико

На денешната прес-конференција на независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, провокациите на новинари блиски до власта останаа без успех.

Саше Политико кој постави неколку прашања, кои секако беа легитимни, нападна жестоко, мислејќи дека Арсовска ќе реагира нервозно, но таа му одговори сосема смиерно. Нервозата се пренесе на другата страна.

Арсовска мирно ја напушти прес-конференцијата, а Политико тргна во герила новинарство со изговор дека сака да постави уште некое прашање. Сепак, обезбедувањето на Данела го спречи до физичко доближување, по што стана уште понервозен.

Тој тврди дека бодигардот со лактови го попречувал, иако тоа на видеото не се забележува.

Очигледна е нервозата и кај СДСМ и новинарите блиски до владејачката партија.

Погледнете го видеото: