Турската војска рано изутрина била мета на напади од курдските милитанти, соопшти Министерството за одбрана на таа земја.
Главна мета на нападите биле две воени бази на истокот на државата, односно Командата за беспилотни воздухопловни системи во провинцијата Батмани командата на 23-та пешадиска дивизија во провинцијата Ширнак.
Курдите користеле беспилотни летала, а како што соопшти турското Министерство за одбрана, немало жртви, ниту е причинета материјална штета.