Тежок инцидент се случи во неделата попладнето, откако при пристигнувањето При пристигнувањето на Градскиот стадион во Тетово биле нападнати раководството и играчите на скопскиот клуб Шкупи, јавуваа локалните медиуми.
Шкендија и Шкупи треба да го одиграат големото дерби во претпоследното коло во оваа сезона во ПМФЛ лигата.
Навивачите на домашната Шкендија со факели го нападнале клупскиот автобус на Шкупи, а потоа настанала мешаница со физичка пресметка и пиротехника од што настрадаел неколки играчи на гостинскиот тим.
Засега нема информации за причината за инцидентот, но познато е дека последниот период има голема нетрпеливост меѓу двата клуба. Минатата нивна пресметка во скопски Чаир беше проследена со препукувања на клупските раководства во медиумите.
Поради тоа претходно на наплатната рампа на автопатот Скопје-Тетово полицијата ја врати навивачката група на скопскиот клуб „Шверцери“.
Во моментов Шкендија, која испадна од трката за нова титула, се бори за излез во фудбалса Европа, додека Шкупи ја обезбеди титулата и ќе се обиде по речиси шест години да победи во Тетово.