Со што се соочува македонската полиција? На најновото видео кое се појави се гледа како полицаец фатен за врат при апсење на „Партизанска“.
Ова не е прв случај во кој македонската полиција се соочува со проблеми на улица. Актуелни се случките во Прилеп кога повеќе полициски службеници се здобија со повреди а еден полициски службеник во критична состојба беше пренесен во клинички центар Скопје, кога пресретнале дрвокрадци кои ги нападнале, и во Битола кога според едни снимки се тврдеше дека полициските службеници нападнале татко и син, по што се појави и друга снимка од друг агол која ги промени првичните тврдења.
И полицискиот синдикат постојано излегува со официјални соопштение во кои тврдат дека имаат полициски службеници кои мака мачат на терен.
Од полицискиот синдикат ги информираат нашите членови дека будно ги следат сите постапки во кои се вклучени полициски службеници и дека позади нив секогаш стои колективната сила на Македонскиот полициски синдикат и колективната сила на Европскиот совет на Полициски синдикати во кој активен член е МПС, и кој Совет секогаш е со јасна и недвосмислена подршка на членовите.
„Нашите членови можат да бидат цврсто уверени дека не се сами во ваквите тешки моменти и дека секогаш здружени користејки ја колективната сила на Синдикатот максимално ке се залагаме за заштита и остварување на сите права како и за достоинството на професијата која ја извршуваме“, велат од полицискиот синдикат.