(Видео) Напаѓач убил девојка, изрешетал уште 13 лица во Торонто

Млада девојка загина, а уште 13 лица беа повредени, вклучувајќи и девојче која e во критична состојба по масовна престрелка во близина на центарот на Торонто на авенијата Данфорт, информираше полицијата од каде потврдија дека убиецот е мртов.
Престрелката избувнала околу 22 часот, а мотивот за сега не е познат.

Некои очевидци рекле дека виделе вооружен напаѓач во црно што отворил оган врз луѓето. Полицијата засега не знае дека станува збор за тероризам, а според локалните медиуми пишува дека убиецот отворил оган врз полицијата пред да се убие. Се појави и видео на убиецот на моментот пред да почне да пука. Човек во црно мирно одел по улица и одеднаш се врти во десно, и со десната рака, држејќи пиштол почнува да пука.
Полицијата, болничарите и пожарникарите се собраа на местото на настанот, во делот на Торонто познат по многу популарни ресторани, кафулиња и продавници.

Сите почнаа наеднаш да врискаат, изјави сведок за “КБС њус”.

Торонто се бори против големиот пораст на вооруженото насилство оваа година. Бројот на лица убиени во вооруженото насилство (26) се зголеми за 53 отсто во споредба со истиот период минатата година, додека бројот на пресртелки се зголеми за 13 отсто.