Во градот Славјанск се слушаат пукања и експлозии од гранати. Граѓаните на социјалните мрежи пишуваат дека хелокоптери го надлетуваат градот.
Министерот за внатрешни работи на Украина, Арсениј Аваков, обајвил дека е почната антитерористичка операција во источниот град Славјанск каде што учествуваат припадници на антитерористичките единици на Украина. Акцијата е насочена против прорурски групи, а во Краматорск проруските сили се сместени во зградата на полицијата.
Слајванск е еден од градовите во областа Доњецк чии полициски станици вчера во исто време беа заземени од вооружени напаѓачи во маскирни униформи.
Претходно, група од најмалку 20 вооружени лица ја зазела зградата на полицијата во Славјанск, а подоцна и зградата на Државната безбедност во истиот град во источниот дел на земјата.
Проруски демонстранти нешто подоцна воспоставиле контролни пунктови на патиштата во Славјанск.
Исто така, проруски групи ја зазеле зградата на полицијата во Краматорск, во источниот дел на Украина, на што претходеле оружени судири со полицијата која што се обидела да го брани објектот од напаѓачи кои влегле внатре.