ВИДЕО| Наши спасувачи во Турција спасија жена која била под урнатините 114 часа

Спасувачите при Дирекцијата за заштита и спасување кои се во Турција, извлекоа жива жена од урнатините на зграда во петокот, која преживеа по 114 часа од катастрофалниот земјотрес.

Екипите внимателно ја подигнаа 38-годишната Мелтем Унсал на носилки покрај скршени бетонски блокови и искривен метал до амбулантно возило.

Ова го соопшти Дирекцијата за заштита и спасување на „Фејсбук“.