(ВИДЕО) Наскоро почнува втората сезона од „Јужни ветар“

На 25 февруари ќе почне да се емитува втората сезона од популарната серија „Јужен ветар“

Серијата ќе се прикажува секоја сабота и недела од 20 часот на српската телевизија РТС 1.

Новите 12 епизоди ќе ни покажат зошто Белград по којзнае кој пат стана „сцена на конфликт“ меѓу Истокот и Западот.

Во продолжението, како што објавуваат српските медиуми, кралот на подземјето, Петар Мараш, е поразен во улична војна против државата. На нишан се неговата работа, пријателите, семејството и животот.

Во серијата се појавуваат Милош Биковиќ, Миодраг Радоњиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Александар Берчек, Богдан Диклиќ, Јована Стојиљковиќ, Оксана Акиншина и многу други.