Пријателскиот фудбалски натпревар меѓу англиските нисколигаши и градски ривали Данстон и Гејтсхед беше прекинат на полувремето поради необични сцени кои ги запрепастија навивачите.
Натпреварот беше прекинат откако маскирани лица влегоа со погребно возило на теренот и го оставија на средината од теренот.
На видеата објавени на социјалните мрежи, може да се види како погребното возило и уште еден друг автомобил се движат во круг по центарот на теренот.
Потоа две маскирани лица излегуваат од погребната кола, влегуваат во другиот автомобил и се оддалечуваат од стадионот пробивајќи ја оградата. Погребното возило останува на теренот.
Во хаосот кој настанал, била донесена одлука за евакуација на навивачите од стадионот, а натпреварот е прекинат при резулат 1:1.
„Голема среќа е што невини луѓе не настрадаа или беа повредени. Тие очигледно влегле низ вратата на паркингот и минале покрај местото каде што играчите често се загреваат на полувремето“, изјавил за The Independent еден од очевидците.
Засега нема извештаи за повредени или добиени закани во текот на инцидентот, а локалната полиција започна истрага.
Седмолигашот Данстон им се извини на навивачите велејќи дека тие се „семеен клуб“.
Интересно, Гејтсхед, кој игра во петтата лига на англискиот фудбал, пред само шест дена пред 7.200 гледачи на својот стадион загуби од премиерлигашот Њукасл Јунајтед со 2:3.
A funeral hearse? 😳 pic.twitter.com/dAUJRy6il8
— Premier Elliott (@elliottbower) July 21, 2023
Incident is putting it lightly lol pic.twitter.com/9SQoxNUOPz
— 🅱️ (@____B17____) July 21, 2023