Навивач на „Ливерпул“ изел ќотек вчера на трибините на „Етихад“, славејќи го голот на својата екипа, во реваншот од четвртфиналето на Лига на шампионите во Манчестер.
Видеото на социјалните мрежи го објавила навивачка на „Сити“, со коментар „Ова се случува кога си навивач на Ливерпул на трибина со навивачи на „Сити“ и славиш гол на „Редси“. Навивачот, нормално не е виновен што го славел голот на своите миленици, но виновен е што заборавил дека е на трибина со бесните навивачи на „Сити“, кои реагирале на овој испад.
За волја на вистината, навивачот на „Ливерпул“ храбро возврати, но не можел да стори ништо повеќе во нерамноправната борба.
https://youtu.be/1T2hGIa_09w