![navivaci--500](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/navivaci-500.jpg?resize=500%2C297&ssl=1)
На пријателскиот натпревар меѓу францускиот клуб Лил и израелската екипа Макаби Хаифа се случи тежок инцидент.
Во 84.минута навивачи со палесттински знамиња влегоа на теренот и нападнаа дел од израелските фудбалери. Судирот меѓу навивачите и фудбалерите траеше кратко и по интервенција на редарите гужвата се расчисти.
До моментот на прекинот Лил водеше со 2:0.
Од Макаби Хаифа излегоа со соопштение во кое се жалат дека за време на натпреварот постојано биле навредувани од педесетина турски емигранти кои носеле палестински обележја.
– Кога дојде нападот нашите фудбалери беа принудени да се бранат. На пат кон соблекувалната бевме гаѓани со камења, но за среќа никој не е повреден, соопштуваат од израелската екипа.
Овој пријателски натпревар кој е во рамките на подготовките на двете екипи за новата сезона се одигра во Австрија.