ВИДЕО| НБА Лига: Четириесет години од рекордните 370 коша на еден натправар

Пред точно 40 години, на 13-ти декември 1983 година, Детроит Пистонс и Денвер Нагетс не можеа да замислат дека некоаш ќе одиграат натпревар за којшто ќе се зборува со децении подоцна и ќе влезе во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот.

Пистонс ги победија Нагетс со 186:184 и беше испишана историјата за двата клуба. До денес, тој останува натпревар со највисоки постигнати резултати кога и да е одигран во НБА лигата, а којашто има доста долга историја и традиции на најголеми остварувања во бројни категории. Она што е поимпресивно е тоа што неверојатните 370 поени беа постигнати во ерата кога не се фаворизираше напаѓачката кошарка како денес, туку се претпочиташе цврстата одбрана.

Но, тоа што се случи веќе е фактографија. Кики Вандевеге постигна 51 поен за поразениот тим, а Алекс Инглиш додаде 47. Вкупно четворица различни играчи постигнаа најмалку 40 поени, а вкупно 12 играчи на двата тима завршија двоцифрени – по шест од секоја екипа. Вклучувајќи ги Ајзеја Томас (47), Џон Лонг (41), Кели Трипуцка (35) и Ден Ајсел (28).

Резултатот на полувремето беше 74:74, а целата рекордна средба траеше 3 часа и 11 минути. Двата тима завршија со вкупно 251 шут, но она што е уште повеќе за почит е нивниот процент на успешност – реализираа 142 од нив (56,6 отсто). Дополнително, изведени беа вкупно 117 шута од линијата за слободни фрлања …

Со модерна кошарка кога сите тимови преферираат шутови за „тројки“, веројатно изгледа неверојатен фактот што таа ноќ во Денвер имаше само два удара од далечина. Но, тоа е вистината.

Легендата на Пистонс и еден од најдобрите плејмејкери во историјата, Ајзеја Томас, се потетува дека Детроит влегле во овој натпревар во екот на исклучително тежок распоред.

„Тоа беше нашиот четврти натпревар во шест дена. А ние летавме со редовна линија. Бевме толку уморни што никој не ни помислуваше дека вакво нешто може да се случи”, вели Томас.

Резервниот бек на Нагетс, Мајк Еванс, пак, вели дека некаде во текот на второто продолжение, тој и неговите соиграчи мислеле дека можат да стигнат до 200 поени. Предноста во секој случај беше во нивна полза, бидејќи Денвер е едно од најтешките места за играње на гостувањата до денес. Причината за тоа е големата надморска височина (1.600 метри).

Двата тима ја минаа границата од 100 поени кон крајот на третата четвртина, а во четвртата домашните успеаја да поведат и со плус 7, но потоа Ајзеа Томас почна да погодува и да не дозволи Нагетс многу да се одлепат. На 20 секунди до крајот, Детроит заостануваше 143:145. Двете промашувања на Бил Лаимбер од линијата за слободни фрлања доведоа до офанзивен скок на нискиот Томас кој го однесе мечот во продолженија. Во дополнителното време драмата продолжи, а Пистонс се радуваа по трите дополнителни периода од по 5 минути со конечните 186:184.

Како го прославија нивното достигнување? Со брзо враќање во хотелот и заминување до аеродромот каде повторно фатиле редовен лет за да се вратат дома. Тренерот на Денвер, Даг Мо, им даде два дена одмор на своите играчи, а подоцна призна дека не можел да чита весници нути да гледа вести во следните неколку дена. Тој едноставно не сакал да си вообразува. А неговиот тим загуби шест од следните седум натпревари.

Таа сезона Нагетс го завршија регуларниот дел со соодносот 38-44 и пораз во првата рунда од плејофот од Јута Џез, додека Детроит продолжи со серија од 12 победи во следните 17 натпревари. Нивниот скор таа сезона беше 49-33, но и тие беа елиминирани во првата рунда од доигрувањето.

Но, тоа е почетокот на нешто големо во престолнината на автомобилската индустрија. Во составот е Ајзеја Томас, а две години подоцна беше земен и Џо Думарс. Двајцата станаа клучни фигури во ерата на „Лошите момчиња“ на Пистонс што го означи крајот на 1980-те во НБА и доведе до шампионски титули во 1989 и 1990 година.

И 40 години подоцна, во Лигата во којашто се игра офанзивна и често неодговорна кошарка, рекордот останува ни приближно достижен