Фудбалерите се големи луѓе, уште поголеми кога до нив стојат дечиња кои ги гледаат како идоли.
Еден од нив е и Нејмар да Силва Сантос Жуниор кој му го подари најубавиот и незаборавен подарок на неговиот мал обожавател.
Малото момче некако успеало да стигне на теренот, но обезбедувањето на тимот „Барселона“ веднаш го запрело. Во тој миг, истрчал Нејмар кој го зел момчето и го однел кај другите натпреварувачи со нив да ја прослави победата.