(ВИДЕО) Неколку жртви во земјотресот и цунамито во Индонезија

© AP Photo / Yoanes Litha

Неколку луѓе загинале во петокот во силниот земјотрес и цунамито кое потоа следело на индонезискиот остров Сулавези, објавија локалните власти, откако претходно ја потврдија смртта на еден маж и дека има десет повредени, а пет лица се водат како исчезнати.

Бранови со височина меѓу два и три метра го погодиле крајбрежниот град Палу по земјотресот со магнитуда од 7,7 по Рихтер, соопшти Националната агенција за катастрофи. Се додава дека „пристигнуваат извештаи дека се урнати многу згради… Првите извештаи говорат за неколку мртви“.

 

Метеоролошката и геофизичката агенција издадоа, а потоа во рок од еден час го повлекоа предупредувањето за цунами кое сепак се случи. По првичниот потрес во 19,20 часот по локално време, 13,20 по македонско, Индонезија ја погодила дополнителна серија потреси со магнитуда од 5,4 до 7,5. Поради тоа, меѓународниот аеродром во Палу, во покраината Централни Сулавези, бил затворен за сообраќај, објави весникот The Jakarta Post.

Силниот потрес се лучил три часа по послабиот со магнитуда од 5,9 во близина на погоената област. Првиот земјотрес уништил куќи, и се почувствувал многу силно, по што властите очекуваат нови информации за жртви и штети.

Во серијата потреси во јули и август на туристички атрактивниот остров Ломбок загинаа речиси 500 луѓе, стотина километри југозападно од Сулвези. Индонезија се наоѓа на работ од ткн Пацифички игнен прстен, најсеизмички активното подрачје на планетата и често е погодувана од земјотреси. Големиот земјотрес кој се случи крај северниот индонезиски остров Суматра во 2004 година подигна цунами кој ширум Индискиот Океан однесе 226.000 животи во 13 држави, а меѓу нив смртно настрадаа 120.000 луѓе во Индонезија.

https://www.youtube.com/watch?v=F05edMisEJE