Неколку лица се ранети во понеделникот вечерта во близина на синагога во центарот на австриската престолнина Виена, пренесува весникот Kronen Zeitung.
Според австриските медиуми, двајца напаѓачи со автоматско оружје ја нападнале синагогата во центарот на градот. Во пукањето е тешко повреден еден полицаец.
Министерството за внатрешни работи објави дека еден од напаѓачите е убиен а другиот според некои информации е во бегство, а според други тој е приведен.
Полицијата на Виена преку социјалните мрежи ги предупреди граѓаните во овој дел од градот да останат во своите домови или во објектите во кои се нашле во моментот.
Претедателот на Израелитската културна заедница Оскар Дојч преку Twitter објави дека во времето на нападот во синагогата, како и во канцелариите над неа немало никого.
My late grandfather, Yitzhak, was born and raised in #Vienna. His family lived there for generations.
He immigrated to mandatory Palestine in the 1930’s because #antisemitism was on the rise and Jews were told to get out. pic.twitter.com/ReuITthl60— Dan Poraz (@PorazDan) November 2, 2020