Сопствениците на црно БМВ со кинески регистерски ознаки и на белиот Џип со странски табличи скапо платиле затоа што непрописно паркирале на место каде што се изведуваат градежни работи.
Имено, градежните работници во Кина одлучиле да не го чекаат „пајакот“ и ги преземале нештата во свои раце со помош на средствата што им биле на располагање.
Тие едноставно ги поместиле возилата со помош на багер за да можат да продолжат со работа.
Кинеските медиуми не откриваат поголем број детали освен дека ова се случило во градој Јуангчен, па не се знае што точно претходело на оваа одлука на градежните работници, со багер да ги отсранат непрописно паркираните возила.