Не секаде во САД има насилни толпи на демонстранти. Во Хјустон се одржа и групно барање прошка.
Мешана група во Хјустон, Тексас одржа заедничка молитва за Џорџ Флојд. Веднаш по завршувањето на религиозниот чин, белците од групата клекнаа на колена и со говор побараа прошка од своите црни сограѓани.Не само за последниот настан, туку и за децениите на дискриминација и расна поделба.
Во Тексас демонстрациите не се толку насилни како во останатите делови на САД, иако досега стотина луѓе беа уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир.