Девет акробати се тешко повредени откако се случила несреќа при изведувањето на акробатската точка во американската сојузна држава Род Ајленд.
Акробатите се вон животна опасност, а меѓу нив има и една Бугарка.
Жените акробати биле врзани за косите и требало да ја изведат точката жив лустер , кога платформата паднала.
Oчевидците во публиката биле убедени дека паѓањето е дел од настапот на акробатките.
Се води истрага за причината за несреќата.