(ВИДЕО) Нетанјаху му порача на Исламски џихад да прекине со нападите или ќе има уште напади во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му порача во средата на палестинското движење Исламски џихад да прекине со ракетирањата на Израел, бидејќи ќе почувстува повече удари од израелската армија.

Нетанјаху ова го изјави на почетокот од седницата на неговиот кабинет за безбеднсот во време кога израелските сили ги засилуваат смртоносните напади врз позициите на военото крило на Исламскиот џихад – Бригадите на ал-Кудс, кој и покрај тоа да истрелува ракети од Појасот Газа врз јужен Израел.

„Одлучни сме да се бориме за нашата земја и да ја браниме, а доколку тие мислат дека салвите ракети ќе нѐ ослабат или ќе ја поколебаат нашата решителноста, се лажат. Имаат само еден избор: или ќе ги запрат нападите или ќе трпат сѐ повеќе и повеќе удари. Одлуката е нивна“, рече Нетанјаху.

Израелската авијација ги бомбардираше во средата позициите на Исламскиот џихад во Појасот Газа, поради што следеа нови ракетирања кон Израел.

Вкупно 23 Палестинци загинале од вторникот во изралеските операциио против Исламскиот џихад, меѓу кои прва жртва во насочен напад бепе високиот командант на Бригадите на ал-Кудс, 42-годишниот Баха Аби ал-Ата. Тој и неговата сопруга беа убиени во воздушен напад врз нивниот дом во источниот дел од градот Газа рано утрото во вторникот.

Исламскиот џихад оцени дека убиството на нивниот командант го смета за „израелско објавување војна“. Од втроникот вкупно 250 ракети се истрелани од Газа врз Израел, но притоа нема жртви, според податокот на израелската војска која додава дека 90 отсто од прокетилите биле уништени од израелската противвоздушна одбрана.