Неверојатен петти натпревар од плејоф полуфиналето во Источната конференција одиграа Филаделфија и Атланта. Домаќинот ја контролираше играта во текот на целиот натпревар, водеше и со 26 поени разлика, а на крајот гостинот славеше со 109:106 и на тој начин поведе со 3-2 во серијата до четири победи.
Атланта беше предводена од незадржливиот Тре Јанг кој запиша 39 поени, а одлична партија имаше и Колинс со 19 поени. Кај поразените блескаше Џоел Ембид со 37 поени и 13 скока.
https://www.youtube.com/watch?v=yQRiVrXP5xE&t=1s
До победа дојде и тимот на Лос Анџелес Клиперс, кој славеше на гости кај Јута со 119:111.
Во крајно израмнет натпревар, во кој ниту еден од двата тима не дојде до значителна предност, на крајот победата им припадна на гостите, а најзаслужен за неа беше Пол Џорџ со 37 поени. На спротивната страна одлично издание имаше и Бојан Богдановиќ со 32 коша.