Група од околу 40 неидентификувани напаѓачи, вооружени со метални шипки и пиротехника, се обиделе да влезат во полициска станица во Шампињи, југоисточно предградие на Париз, во саботата.
Од полицискиот команден центар во Париз соопштиле дека ниту еден полицаец не е повреден во синоќешниот напад и дека никој од напаѓачите не е уапсен, иако снимките јасно покажуваат дека е направена значителна материјална штета, пренесува Ројтерс.
Засега не е јасно кој бил мотивот за овој напад, трет во последните 2 години на оваа полициска станица, која се наоѓа во населба позната по трговија со дрога и високи стапки на криминал.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=8&v=AWrQcCrs7lk&feature=emb_logo