ВИДЕО: Невреме во Подгорица

Невреме проследено со силни врнежи, град и силен ветер ја зафати утрово Подгорица, а поедини делови од градот немаат електрична енергија.

Директоратот за вонредни ситуации ги повика граѓаните денеска, во понеделник и вторник активностите да ги прилагодат на најавената метеоролошка ситуација, затоа што се очекуваат нестабилни временски прилики со дожд, повремени грмежи и удари на јужен ветер, пренесува Вјести.