Невзат Бејта, градоначалникот на општина Гостивар, членот на ДУИ и еден од таканаречената „огнена група“, во телевизиското интервју на Алсат М, испрати најдиректни критики и навреди за неговиот сопартиец Артан Груби.
Во врска, пак со соработката со Арбен Таравари, вели дека таа постоела уште во 2017-та.
„Тоа беше тајна соработка и координатор беше Талат Џафери. Како последица на тоа што ние излеговме тогаш, тие се мобилизираа и креираа нивни структури за да ме елиминираат мене од Гостивар и му помогнаа на Арбен Таравари, беа во коалиција“, изјави Бејта.
Новинарката запраша -бидејќи Али Ахмети рече дека не го дава Артан Груби, постави прашање користејќи една изрека на Бејта- Колку карати е Артан Груби? На тоа Бејта одговори: „Артан Груби не е од металите кои се мерат со карати. Туку е еден метал кој нема карати. Бидејќи ако имаше карати, ќе беше добро. Тогаш немаше да прави раскол во ДУИ. Тие што немаат карати се железо, тенеќе овие…, изјави тој.
Додаде дека, металите кои имаат карати се добри метали и вредни, кои луѓето ги сакаат и врз основа на металите кои се вредни се мери и квалитетот на металот, но и луѓето врз основа на добрите работи кои ги прават и тие се мерат во карати.
„Тоа е така, ако прават сплотување и ако не прават елиминирање на членството и ако не им штетат. Но, тие и им се закануваат на членовите бидејќи ја имаат власта, но членовите не се плашат“, рече Бејта.