ВИДЕО| Николоски: Македонија е во ќорсокак, како партија нема да дозволиме национално предавство

Водиме интензивни подготовки. Го испитуваме јавното мислење, се уште немаме одлуки за главниот град и останатите општини. Во текот на летото ќе можеме веќе посериозно да зборуваме за одредени имиња во одредени општини, изјави во Утрински брифинг потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Во моментов трае процесот, не можам конкретно да говорам за ниту еден предлог. Би било несериозно од мене за било која општина да кажам без да се помине партиската процедура, вели Николоски.

Говорејќи за спорот со Бугарија, Николовски вели дека суштинско прашање е како воопшто Македонија стигна во оваа ситуација.

„Кога беше потпишуван Договорот со Бугарија, на македонската јавност и беше кажувано дека сите прашања со соседите се затворени. Гледаме дека не е затворени, така што Македонија е сега во еден ќорсокак“, додаде Николоски.

„Второто прашање е што е тоа што е зборувано и ветувано во Софија, а ние не го знаеме како јавност. Треба да видиме што се тие предлози и на каков начин се создавани. Ние како партија нема да дозволиме национално предавство на штета на македонскиот народ, јазик и идентитет“, рече Николоски.

Целиот разговор погледнете го во видеото: