Кошаркарите на Њујорк Никс ги совладаа Бруклин Нетс со убедливи 105:93 во нивниот „Медисон Сквер Гарден“ во дуелот во саботното планевно матине по локално време.
Дербито на Њујорк беше изедначено во првите три четвртини, а во тој период ниту една екипа не создаде повеќе од седум поени предност. На почетокот на последната четвртина Нетс успеаја да израмнат (80:80), но следеше серија од 12:0 на Никс, по што гостите веќе не можеа да дојдат до едноцифрена негатива.
Донте ДиВинченцо ги предводеше Никс до победата со 31 поен и пет асистенции. Мајлс Мекбрајд постигна 26 поени, а Џејлен Брунсон и Ајзаја Хартенштајн по 17.
Најдобар стрелец кај Нетс беше Кам Томас со 19 поени. Микал Бриџис постигна 18 поени, а ќе остане запаметена неговата „тројка“ на крајот од првото полувреме, која ја постигна од врвот на својот рекет.
Никс со оваа победа се израмни со Орландо Меџик според учинокот. Двата тима имаат по 42 победи и 28 порази. Меџик имаат подобар учинок во меѓусебните мечеви (3-1), па сѐ уште се на четвртото место во Источната конференција, додека Њујорк е петти. Двете екипи се во игра за третото место кое го држат Кливленд Кавалирс, но со само една победа повеќе (43-27).
Бруклин со шестиот последователен пораз паднаа на скор 26-45 и моментално е на 11-то место и има многу мали шанси да го освои десеттото место, последното кое води до „плеј-ин“. Десетта е Атланта со скор 30-39.
MIKAL BRIDGES FULL COURT SHOT!!!! pic.twitter.com/XaPoVeD7FV
— Oh No He Didn’t (@ohnohedidnt24) March 23, 2024