
Легендарниот пејач и текстописец, 72-годишниот Нил Јанг потврдил дека се оженил со 57-годишната холивудска актерка Дерил Хана, јавува BBC во четвртокот.
Пејачот на нарекува ѕвездата од романтичната комедија „Splash“ своја сопруга во пораката објавена со снимката во живо од песната „Ohio“ на неговиот бенд Crosby, Stills, Nash & Young.
Во август годинава се појавија озборувањата дека двојката се венчала тајно во Калифорнија, откако гитаристот Марк Милер им честиташе на Facebook.
Јанг ја напишал песната „Ohiо“ во 1970 година по убиството на четворицата студенти на Универзитетот Кент во американската сојузна држава Охајо, кои протестирале против тогашната Виетнамска војна на САД.
Рекол дека ја објавил верзијата во живо за да ги поддржи апелите на студентите на „разумни закони за оружјето“ во САД и ги повикува своите обожаватели да гласаат на американските избори на 6-ти ноември. Во проследната пораката напиша: „Мојата сопруга Дерил и јас заедно ја направивме оваа видео снимка за да го искажеме своето мислење“.
Јанг во 2014 година се разведе од пејачката Пеги Јанг, со којашто беше во брак цели 36 години.