(ВИДЕО) Њујоршката полиција ја пронајде британската двојка која загуби венчален прстен

Њујоршката полиција во неделата ја пронашла двојката туристи во текот на чијашто просидба на мажот на Тајмс Сквер му паднал вереничкиот прстен низ решетките за градскиот одвод.

Благодарејќи на видео-снимката од случајот споделена на Twitter 20.000 пати, њујоршката полиција успеала да ја контактира новопечената двојка којашто се вратила во меѓувреме во Велика Бритенија.

„Среќната двојка се вратила во татковината, а благодарејќи на бројните твитови дознаа дека ги бараме. Се договараме како да им го вратиме прстенот. Честитаме“, напиша њујоршката полиција на Twitter.

Видеото снимено со безбедносните камери ја покажува двојката во неволја којашто безуспешно се обидува да го дофати прстенот. Полицајците од Големото јаболко го извадиле и исчистиле прстенот, но не можеле да ја најдат младата двојка, па се обратиле преку социјалните мрежи.

„Му благодариме на Twitter. Случајот е затворен“, напишаа њујоршките полицајци во неделата со фотографија на насмеената двојка.

Повеќе од 350.000 луѓе секојдневно го посетува њујоршкиот плоштад во центарот на Менхетен, познат и како „крстосница на световите“.