Премиерката Ерна Солберг и над десетина владини министри танцуваа на звуците на популарна детска песна во знак на одбележување на денот на независноста на земјата, кој се слави утре, на 17 мај. Нивниот танц беше снимен за да се емитува на детска телевизиска мрежа, јавија локалните медиуми.
Во клипот Солберг и министрите мавтаат со раце, вртат со колкови и веат знамиња – сето тоа со почитување на правилата за социјално дистанцирање.
Солберг рече дека целта на изведбата била да биде забавна и луѓето да се смеат.