ВИДЕО: Нов документарен филм за Мохамед Али

 

Нов документарен фил за животот на еден од најголемите спортски легенди, Мохамед Али.

Во октомври филмот би требало да доживее премиера во САД, а до крајот на годината и во другиот дел од светот.

Филмот „I am Ali“ ќе го прикажува животот и кариерата на Мохамед Али, но со нагласок на изразито личниот пристап на темата. Во документарецот за Али зборуваат најблсиките луѓе од неговата околина, како и пријателите, а добар дел од филмот го сочинуваат исечоци од неговите снимки и телефонски разговори.

Во филмот има мини интервјуа со боксерките легенди Мајк Тајсон, Џорџ Форман и Џин Килроу, кои од свои агол говорат за Мохамед Али.

Сепак, акцент се дава за неговиот изненадувачки спортски успех, но и приказната која се крие зад митовите за еден од најголемите спортисти на денешницата.

Продуцентите на филмот порачуваат дека ова е приказна каде ќе го „видиме Али на еден  сосема поинаков начин“.