Израелското воено воздухопловство ноќта кон петокот нападнало цели на исламистичкото движење Хамас кое управува со палестинската крајбрежна енклава Појасот Газа, потврди Армијата за одбрана на Државата Израел.
Во соопштението на израелските вооружени сили се наведува дека нејзини борбени авиони гаѓале цел на Хамас на целата територија на енклавата, како одговор на пуштање запалливи балони претходно во четвртокот. Новинарот на агенцијата AFP од Појасот Газа извести дека во текот на ноќта се слишале детонации.
Станува збор за втора серија израелски воздушни удари во Појасот Газа од почетокот на седмицата и по завршувањето на ткн „единаесетдневната војна“ од 10-ти мај до 21-ви мај годинава со Хамас.
Изралеската војска соопшти дека гаѓала воена позиција на Хамас во Газа и локација за лансирање ракети во Кан Јунес, на југот на енклавата која е под израелска блокада речиси 15 години.
Воениот командант, генерaлот Авив Кохави, побарал од генералштабот да ја „зголеми приправноста на војската“ за „низа сценарија“, меѓу кои и за „продолжување на непријателствата“ по последниот судир во кој загинаа во Газа 256 Палестинци од кои над 80 деца и тинејџери. Израелската страна пријави 13 загинати во масивните палестински ракетирања, од кои две деца, девјка, еден војник и тројца странски работници на фарми.
Последните судири доаѓаат во периодот додека Египет се обидува да постигне трајно почитување на кревкото примирје.
Footage of the IDF strike toward the Hamas Civil Administration site in northern Gaza. pic.twitter.com/HfezWGRl05
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) June 17, 2021