Вкупно 75 руски војници кои биле во украинско заробеништво се вратени во својата земја како дел од последната размена на затвореници меѓу Москва и Киев. Исто толку Украинци му се предадени на Киев.
Замената беше олеснета со посредство на Обединетите Арапски Емирати.
Руското Министерство за одбрана објави и видео на кое се гледа пречекот на повратниците дома. На снимката се гледа како војниците се префрлаат во неколку автобуси.
Ова е прва ваква размена меѓу Русија и Украина по неколку месеци. Претходната размена се случи на 8 февруари, а во неа учествуваа по 100 војници од секоја страна. Две недели претходно, силите на Киев соборија транспортен авион со 65 украински заробеници во регионот Белгород, тврдејќи дека цел бил авион што носел дотур на руски ракети. Во инцидентот загинаа сите Украинци во авионот, како и екипажот на авионот и руските војници кои ги придружуваа заробениците.
Двете страни разменија и посмртните останки на паднатите војници на 12 април, кога Украина прими 99 тела, а Русија 23.