
Нова драматична видео снимка се појави на која се гледаат браќата Куаши, само неколку моменти по нападот врз неделникот „Шарли ебдо“.
Видео снимката ја објави новинската агенција Ројтерс, а таа е снимена од покривот на весникот.
Браќата смирено го полнат оружјето со муниција и влегуваат во колата со која побегнале од местото на настанот.
Еден од браќата извикува: „Го одмаздивме Пророкот Мухамед“.