Американскиот претседател Џо Бајден се збуни и ги помеша Либија и Сирија, зборувајќи за хуманитарна помош за земјите погодени од војната на самитот Г-7, за потоа да викне на новинар во посебен инцидент.
На видеото кое кружи на социјалните мрежи, 78-годишниот шеф на Белата куќа мораше да се потруди да го запамети името на земјата во која, според него, САД се подготвени да работат заедно со Русија.
– Можеме да работиме заедно со Русија, на пример … во Либија, луѓето таму се во сериозни проблеми – рече тој.
Потоа оцени дека Русија каснала повеќе отколку што може да проголта со својата интервенција во „Сирија“, но потоа во говорот ја додаде и „Либија“.
– Сè додека тие немаат можност да воведат некаков ред во регионот, а вие не можете да го сторите тоа без да ги обезбедите основните економски потреби на луѓето – рече Бајден, додавајќи: „Се надевам дека ќе најдеме начин да ги спасиме животите на луѓето во, да речеме, Либија“.
На прашањето дали Бајден мисли на Сирија кога ја спомнува Либија, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан одговори: „Да, да, тоа“.
I guess when you’re bombing so many countries at once, it’s hard to keep up. https://t.co/9LI3tgZkM1
— Sarah Abdallah (@sahouraxo) June 13, 2021
Честите гафови на Бајден не ги пропуштија корисниците на социјалните мрежи кои ја искористија можноста да му се смеат поради неговата сенилност.