ВИДЕО| Нови гафови на Бајден – во говорот за холокаустот ги измеша „чест“ и „ужас“

Американскиот претседател Џо Бајден, кој во средата стаса во посета на Израел, веднаш по излегувањето од претседателскиот авион „Air Force One“ се запраша самиот „Што правам сега?“, за потоа да направи нов, посериозен гаф зборувајќи за холокаустот, заменувајќи ги зборовите „чест“ (honour) и „ужас“ (horror), пренесуваат американските медиуми.

Најновиот гаф на 80-годишниот Бајден, како и претходните, како шумски пожар се прошири на социјалните мрежи, повторно поттикнувајќи го прашањето за неговото ментално здравје.

Коментарите на социјалните мрежи, како и претходно се сведуваат на тоа дека „нашиот претседател е сенилен“, а многумина се чудат ко може да згреши кога „има подготвен говор со напишани голем букви“.

„Во Израел сум за да оддадам почесто за шесте милиони еврејски животи, украдени во геноцидот, и да го продолжам, она што мораме да го правиме секој, секој ден, да продолжиме да сведочиме и да ја одржуваме жива вистината и честа (honour) на холокаустот … ужасот (horror).

Бајден ја исправи грешката, но тешко го прочита говорот и се мачеше со изговарањето на називот Меморијален центар на холокаустот Јад Вашем во Ерусалим.

Поранешниот лекар на Белата куќа, Рони Џексон, сега член на Конгресот, уште пред неколку години предупреди на влошување на когнитивните способности на Бајден.

Поради ваквите испади, уште кон средината на минатата година Џексон го повика Бајден неизоставно веднаш да направи тест за когнитивно нарушување, велејќи дека „менталниот пад“ и заборавност на американскиот челник станале позабележителни. Тој тогаш објави отворено писмо кое го потпишаа и уште 13 републикански конгресмени. Тие инсистираат демократот Бајден да го следи примерот на својот републикански претходник на претседателската должност Доналд Трамп, кој се подложи на слично тестирање.

 

https://www.youtube.com/watch?v=Dntc6V1cAC8