(ВИДЕО) Ново продолжение на ѕвездените војни, се враќа императорот Палпатин

30

Деветтиот филм од оригиналата сага „Војната на ѕвездите“ ќе го носи насловот „Подемот на Скајвокер“ и ќе го прикажува враќањето на злиот император Палпатин, објави компанијата „Walt Disney“ во петокот.

„Walt Disney“ на обожавателите кои прусуствуваа на прославата по повод „Ѕвездените војни“ во Чикаго им ги прикажал првите инсерти од филмот кој во кината ќе се појави во декември, и ќа ја заклучи филмската сака која започна во 1977 година.

На крајот од трејлерот, кога се слушна злокобното смеење на императорот, на сцената се појавил актерот Иан Мекдермид кој го толкуваше ликот на Палпатин и во претходните филмови. Публиката, во којашто имало 10.000 обожаватели на „Ѕвездените војни“, појавувањето на Мекдермид на сцената го поздравила со громогласен апалуз.

Дејствието на филмот се одвива извесен период по настаните од филмот „Последните Џедај“, вели режисерот на филмот Џеј Џеј Абрамс.

Во една од сцените се гледа прегратката на Принцезата Леа, која ја толкувше починатата Кери Фишер и Реј, лик што го толкува британската актерка Дејзи Ридли. Фишер почина во 2016 година, но Абрамс вели дека било „чудо“ како можел да ги спои неискористените снимки од „Последниот Џедај“ за да ја продолжи приказната за омилениот лик. „Принцезата Леа во овој филм живее на начин кој ми е неверојатен“, вели режисерот.

Околностите кои го следат враќањето на имепраторот Палпатен остануваат мистериозни. Се чинеше дека умре во „Враќањето на Џедајот“ од 1983 година.

Во трејлерот прикажан во петокот гласот на Лук Скајвокер, кого го толкува Марк Хамил, ѝ вели на Реј дека „никој никогаш навистина не заминал“. Лук, исто така дека ѝ вели дека „пренесени ни се сите знаења“ и дека отсега таа мора да се бори против злото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.