Најмалку 40 лица загинаа во синоќешната железничка несреќа во Грција, а на социјалните мрежи се појави видео од сударoт на патничкиот и товарниот воз во близина на градот Лариса.
Безбедносната камера го снимила страотниот момент на судирот на меѓуградскиот патнички воз со околу 350 патници кој се движел од Атина кон Солун и товарниот воз, објави ЕРТ.
Според она што може да се види на видеото, возовите се на иста пруга, се движат со брзина од 166 километри на час и не можеле да го избегнат судирот, пренесува „Прототема“.
Според извештаите на медиумите, најмалку 42 лица загинале, а 50 или 60 лица се водат како исчезнати. Несреќата се случи на 534 километри северно од Атина, кога брз патнички воз со околу 350 патници, кој се движел од Атина кон Солун, се судрил со товарен воз во близина на градот Ларис, а потоа излетал од шините и се запалил.
По сударот, попладнево шест ипол месечно бебе беше хоспитализирано на хирургија на Универзитетската болница во Лариса. Истовремено, уште едно 8-годишно момче се лекува на детска хирургија во Општата болница во градот.
Според последните информации, во несреќата во Грција се повредени над 80 лица, од кои десетици се со тешки повреди. Тие се хоспитализирани во повеќе градови во земјата.
Властите стравуваат дека бројките на загинати и на повредени, може да растат.
Поради трагедијата во Грција е прогласена тридневна жалост.