ВИДЕО| Објавен трејлерот за документарниот серијал за легендарните The Beatles

На YouTube каналот на филмските студија „Walt Disney Studios“ е објавен трејлерот за документарниот серијал на Питер Џексон под наслов „The Beatles: Get Back“ посветен на легендарната ливерпулска четворка.

Како што прецизира ресурсот Collider, овој проект раскажува за создавањето на 12-от и последен албум на бендот „Let it be“. Повеќето песни на него се снимени во јануари 1969 година, а објавувањето на „винилката“ е во мај следната 1970 година.

Серијалот ќе прикажува како музичарите се обидувале да создадат 14 нови нумери за многу кусо време. Проектот е базиран на 60 часа видео, снимени во текот на 21 ден во 1969 година од Мајкл Линдзи-Хог, како и на 150 часа аудио-снимки. Овие материјали досега никогаш не се видени.

„Ова е неверојатен интимен портрет на групата, кој покажува како музичарите стеснети во аголот сѐ уште можеле да се потрпат на своето пријателство, доброто расположение и креативната генијалност. Во тоа време додека плановите се уриваат, а односите се преиспитуваа, се компонираат и изведуваат некои од најкултните песни на светот“, се наведува во описот на серијалот.

Покрај тоа, во проектот, исто така, првпат ќе биде целосно прикажан последниот настап на The Beatles во живо.

Режисерот Питер Џексон е познат на пошироката публика по трилогијата „Господарот на прстените“. Последниот филм од овој серијал му донесе три Оскара.

Премиерата на „The Beatles: Get Back“ ќе се случи на 25-ти ноември 2021 година.