ВИДЕО| Објавена снимката од моментот на гинењето на актерот на сцената на Баљшој театар

Дневниот весник Известия во неделата го објави видеото на коешто е забележан моментот од трагедијата во којшато во саботата вечерта во текот на операта „Садко“ загина артистот на мимичкиот ансамбл на познатиот московски Баљшој театар.

На снимката се забележува како сценографијата полека се спушта и го притиска актерот Евгениј Кулеш, кој стои во задните редови. По неколку секоунди завесата се затвора.

Како што соопшти управата на театарот, претставата веднаш е прекината, а од публиката било побарано да го напушти салонот.

„Беше ужасно… Дојдовме во Баљшој театар, седнавме. И одеднаш во првата сцена, кога сценографијата се спушти, а на сцената имаше маса актери и сценски работници како што планирал режисерорт… извика ‘Доктор! Брза помош бргу, човек падна под сценографијата’. Оркестарот замолкна, завесата падна“, напиша корисничка на социјалните мрежи која присуствувала на претставата и била очевидец на трагедијата.

Додава дека во прво време публиката сметала дека она што се случува на сцената е дел од замислата на режисерот, но потоа биле информирани за прекин поради „технички причини“. Според неа, за смртта на актерот дознала од обезбедувањето излегувањејќи од театарот.

Во операта „Садко“ актерот го тргнал настрана престолот на сцената, а во тоа време требало да започне да се спушта сценографијата, а самиот артист заедно со ансамблот требало да оди нанапред кон публиката.

Колега на загинатиот рекол дека не го смета инцидентот за несреќа со откачување на сценографијата. Според него, движењето на механизмот било нормално, но Кулеш се двоумел и се збунил и немал време да се оддалечи.

Рускиот Истражен комитет веднаш по несреќата започна предистражна постапка. Надзорниот орган треба да ја процени усогласеноста на механизмот со барањата на федералното законодавство, вклучиетлно и заштитата и безбедноста на трудот.