(ВИДЕО) Објавени снимки од потресот и цунамито во Турција, досега спасени над 70 луѓе

Турската телевизија TRT Haber овјави снимки од мало цунами, предизвикано од земјотресот со магнитуда од 6,7 по Рихер кој во петокот го пододи западниот егејски брег на земјата, и во кој според досегашните податоци најмалку четири лица ги загубиле животите, најмалку 120 се повредени а 70 се извадени од под урнатините.

На снимките се гледа како надојденото море ги поплавува крајбрежните населни и неколку улици на градот Сеферихисар, на 50-ина километри западно од Измир. Водата носи со себе разни предмети, вклучително и столови, маси, лежалки.

Најмалку седумдесет лица се извлечени од под уранатините во земјотресот кој најмногу го погоди туристичкиот центар Измир, соопштија локалните власти, соопшти гувернерот на истоимената провинција Селим Кешгер за телевизијата NTV.

Епицентарот на потресот бил на околу 17 километри од брегот на Измир на длабочина од 16 километри, според турските извори, додека според американската служба бил на 33,5 километри од турскиот брег и на длабочина од 10 километри.

Земјотресот силно е почуваствуван и на егејските грчки острови, а најмноги на Самос, каде во градот Неон-Карловаси, каде била урната куполата на локалната црква. Грчките власти досега не пријавија настрадани во потресот чија јачина тие ја проценија на 6,9 според Рихтер.