Рускиот претседател, Владимир Путин и претседателот на САД Барак Обама се обратија на Генералното собрание на ОН.
По тоа следеше свечена вечера, на која Обама одржа говор. По завршувањето на говорот претседателот на САД пријде до масата каде беше предвидено да седи и наздрави со сите.
Со сите, освен со Путин. Путин во еден момент тргнал да стане да наздрави, но Обама потполно го игнорирал.
Дали е намерно или случајно Обама, во секој случај видно го изигнорирал шефот на Кремљ.
На крајот сепак наздравиле.
Одредени аналитичари сметаат дека ова е своевиден дипломатски скандал. Други, пак истакнуваат дека Обама со ова испраќа јасна порака до Путин, додека има и такви кои истакнуваат дека шефот на Белата куќа едноставно тоа не го сторил намерно.